Пред да пријавите дефект или рекламација Ве молиме проверете дали Вашата зграда или објект се наоѓа на прегледот или на списокот затворени објекти, кои се моментално затворени поради разни причини и дефекти и во кои не се врши испорака на топлинска енергија. Затворени Објекти 22.01.2021
Доколку вашиот објект не е на списокот на затворени објекти јавете се во Центарот за грижа за потрошувачи и оставете аудио порака на еден од телефонските броеви 02/3076-200 или 075-400-100 или поднесете пријава со пополнување на следниот формулар:
- Оставање на звучна порака на телефонскиот број на Центарот за грижа за потрошувачи, во кој било дел од денот, 24/7
- Со испаќање СМС порака, во кој било дел од денот, 24/7
Ве молиме имајте предвид дека приоритет имаат пријавите за течење, а сите останати се обработуваат по редоследот по кој пристигнуваат.
На овој линк детално, во дијаграм, е прикажан процесот на обработка на примените пријави за дефекти, течење или рекламации за квалитетот на греење, и тоа од самиот прием на пораката, која Вие ја оставате, па се до санирање/утврдување на дефектот или причините за рекламацијата.