Нов потрошувач во објект кој никогаш не бил приклучен во системот за греење


За да може одредено правно или физичко лице да стане нов потрошувач на Снабдување со толина Балкан енерџи, најнапред е неопходно објектот во кој е сместена станбената или деловната единица да биде приклучен кон мрежата за дистрибуција на топлинска енергија.

Обврската за приклучување кон дистрибутвната топлинска мрежа ја има инвеститорот на објектот (доколу се работи за новоградба) или сопствениците на станбените единици, заедницата на сопственици или управителот согласно законските и подзаконските акти (доколку се работи за веќе постоечки станбен или деловен објект).

Пред да може заинтересираниот субјект (правно или физичко лице) да склучи договор со Снабдување со толина Балкан енерџи и да се стекне со статусот нов потрошувач на топлинска енергија потребно е инвеститорот, сопствениците на станбените единици, заедницата на сопственици или управителот, да ги исполнат сите чекори предвидени со постапката за пристап на објект до дистрибутивната топлинска мрежа, како и да ја спроведат постапката за пробно греење и да поднесат соодветно барање за пробна испорака на топлинска енергија.

Забелешка: Линковите кои се однесуваат на постапките што треба да ги спроведе инвеститорот, сопствениците на станбените единици, заедницата на сопственици или управителот и не се однесуваат на потрошувачите како поединци.

Во прилог е целосната документација за пробно греење, како и барање за пробна испорака на топлинска енергија.

 

На следниот линк може да се информирате за објектите кои се во постапка за пробно греење.

На следниот линк може да се информирате за објектите кои се во постапка за пристап до дистрибутивната топлинска мрежа.