Нов потрошувач во објект кој веќе е приклучен во системот за греење


Одредено правно или физичко лице од објект кој веќе е приклучен на системот на греење и во кој се испорачува топлинска енергија, доколку сака да ги користи услугите Снабдување со топлина Балкан енерџи, односно да стане активен потрошувач потребно е да ги поднесе следните долунаведени документи:

  1. Барање за приклучување на системот за топлинска енергија
  2. Договор за снабдување со топлинска енергија

Овие документи може да се достават до еден од следните наплатни центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи:

При поднесување на барање за приклучување, Потрошувачот потребно е со себе да понесе документ за идентификација и соодветни документи со што ќе ја докаже сопственоста на објектот кој е предмет на приклучување како имотен лист или купопродажен договор врз основа на кои треба да се склучи договорот за снабдување со топлинска енергија.