Поими


Ангажирана топлинска моќност – топлинска моќност што е ангажирана на ниво на мерно место која се определува по пат на пресметка дефинирана во Тарифен систем;
Грејна инсталација на потрошувач – дел од системот која се надоврзува на топлинската станица, односно грејната инсталација на објектот и служи за оддавање на топлинската енергија кај потрошувачот;
Оператор на системот за дистрибуција на топлинска енергија – е правно лице кое што врши дејност дистрибуција на топлинска енергија и управува со системот за дистрибуција на топлинска енергија и е одговорен за работењето на дистрибутивниот систем, неговото одржување, развој и за обезбедување долгорочна способност на системот за задоволување на разумните потреби за дистрибуција на топлинска енергија, не вклучувајќи го снабдување со топлинска енергија;
Делбена единица – податок врз основа на кој се врши распределбата на надоместокот на ниво на мерно место (грејна површина, ангажирана моќност, импулс/единица од распределувач на топлинска енергија, топлинска енергија од индивидуален мерен уред);
Домаќинство – е потрошувач што набавува топлинска енергија за потребите во домаќинството, но не и за потребите на комерцијалните дејности;
Индивидуален мерен уред – калориметар, мерен уред кај индивидуален станбен објект или мерен уред поставен на влез на стан во објект за колективно домување со кој се овозможува распределба на надоместокот за топлинска енергија на ниво на мерно место;
Инсталирана топлинска моќност – е топлинска моќност на грејните тела кои се инсталирани на ниво на мерно место, односно потрошувач во согласност со термотехнички проект;
Корисник на дистрибутивна мрежа – е физичко или правно лице кое ја користи дистрибутивната мрежа заради превземање и предавање на топлинска енергија за греење;
Мерно место – место каде е лоциран мерниот уред за топлинска енергија;
Мерило на топлинска енергија мерен уред за мерење на испорачаната топлинска енергија на мерното место;
Надомест за топлинска енергија на ниво на потрошувач – надомест со кој се задолжува тарифниот потрошувач согласно надоместот за топлинска енергија по тарифна категорија на мерно место и методот на распределба
Надомест за топлинска енергија по тарифна категорија на мерно место – збир на производите од потрошената топлинска енергија и ангажираната топлинска моќност на мерното место од тарифната категорија и соодветните тарифни ставови (во понатамошниот текст:
Надомест за варијабилен дел од надоместокот за топлинска енергија – е надомест кој се однесува за испорачната топлинска енергија на потрошувачот.
Надомест за фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија – е надомест кој се однесува за ангажираната моќност на потрошувачот.
Производител на топлинска енергија – е носител на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија, кој ја продава произведената топлинска енергија на дистрибутерот на топлинска енергија по цена пониска од регулираната цена на топлинската енергија од регулираниот производител;
Приклучок на дистрибутивен систем – е функционална врска на цевководи, опрема и уреди со која објектите и инсталациите на корисникот се поврзуваат на соодветниот дистрибутивен систем;
Приклучување – претставува операција или постапка на ставање на приклучокот во функција;
Потрошена топлинска енергија – испорачана топлинска енергија регистрирана на мерилото на топлинска енергија, односно пресметана топлинска енергија во случаите определени со овој тарифен систем, е основа за пресметка на надоместокот за топлинска енергија;
Потрошувач на топлинска енергија – е купувач кој што набавената топлинска енергија ја користи за сопствена потрошувачка, вклучувајќи го и операторот за дистрибуција кога купува топлинска енергија заради покривање на загубите во соодветниот систем и производителите на топлинска енергија за сопствена потрошувачка;
Распределба на надоместокот за топлинска енергија – е утврдување на надомест за топлинска енергија на ниво на потрошувач со примена на една од методите за распределба;
Распределувач на надоместокот за топлинска енергија – уред со кој се овозможува распределба на надоместокот за топлинска енергија измерена на мерно место
Регулиран производител на топлинска енергија – е производител на топлинска енергија кој има обврска да обезбедува топлинска енергија за потребите на потрошувачите и системски услуги за потребите на операторот на системот за дистрибција на топлинска енергија на кој што производителот е приклучен, по регулирани услови, цени и тарифи;
Снабдувач на топлинска енергија – е носител на лиценца кој ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија и може да врши трговија со топлинска енергија;
Снабдување со топлинска енергија – е продажба на топлинска енергија на потрошувачите и може да вклучи трговија со топлинска енергија;
Систем за топлинска енергија за греење – целина од енергетски објекти, постројки, уреди и инсталации меѓусебно поврзани така што претставуваат единствен технички систем за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за греење
Систем за дистрибуција на топлинска енергија (дистрибутивен систем за топлинска енергија) – е енергетски систем за дистрибуција на топлинска енергија на подрачје или дел од подрачјето на единица на локалната самоуправа;
Тарифна категорија – се потрошувачи на топлинска енергија за кои важат исти тарифни ставови;
Тарифен модел – модел за пресметка на тарифни ставови;
Тарифен став – дел од тарифниот систем кој во денари ја изразува вредноста на поединечниот тарифен елемент во рамките на определена тарифна категорија, одобрен со Одлука од страна на Регулаторната комисија за енергетика;
Топлинска енергија – е енергија во облик на топла вода или пареа добиена во постројки за производство на топлинска енергија со користење на горива (фосилни, биомаса или биогас), геотермални извори или сончева енергија;
Топлиноносител – водата со која се пренесува топлинската енергија за греење од производителот на топлинска енергија до потрошувачот на топлинска енергија за греење;
Топлинска станица – дел од системот кој се надоврзува на Дистрибутивната мрежа и служи за регулација на влезните параметри на топлиноносителот во објектот на корисникот и мерење на испорачаната топлинска енергија.