Сметки-фактури


Плаќање на сметки-фактури

 

Редовното и навремено плаќање на сметките-фактурите за топлинска енергија е една од основните обврски на потрошувачот согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија. Редовното и навремено плаќање на месечните сметки-фактури за топлинска енергија исклучува дополнителни трошоци, како и трошоци за присилна наплата согласно законот.

Сметките-фактурите за топлинска енергија може да се платат во еден од следните наплатни центри:

 

Потрошувачите имаат можност и за електронско плаќање на сметките-фактурите за топлинска енергија преку користење на BegEPay услугата достапна на нашата веб страница. За да може потрошувачот да реализира електронско плаќање на сметките-факутурите преку оваа услуга најпрво е потребно да се регистрира односно да креира кориснички профил. За тоа како да се креира кориснички профил и како функционира услугата може да се информирате на следниот линк. Преку BegEPay услуга може да се платат сите доспеани сметки – фактури, освен оние кои се предмет на тужба, а дополнително овозможува и преглед на сите сметки-фактури кои се неплатени (кои не се предмет на тужба), како и нивно филтрирање според име и датум. Преку оваа платформа за електронско плаќање потрошувачот може да креира кориснички профил за имот или имоти (доколку е сопственик на повеќе) и да ги плаќа сметките – фактурите за истите, но и да регистрира и кориснички профил за имот кој не е во негова сопственост, но за кој ги плаќа електронски сметките – фактурите.

НАПОМЕНА: Преку BegEPay услугата не може да се плаќаат сметки-фактури за топлинска енергија кои се предмет на тужба.

Сметките-фактурите за топлинска енергија може да се платат и на жиро сметките на Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје со налог за плаќање.

  • Комерцијална Банка 300000003538887
  • Стопанска Банка 200002545849091
  • Тутунска Банка 210068329110129
  • Шпаркасе Банка 250010000232377
  • Охридска Банка 530010101565335
  • Еуростандард Банка 370016010058966

 

Сметките-фактурите за топлинска енергија може да се платат директно во гореспоменатите банки. Во овој случај задолжително е потрошувачот со себе да ја понесе фактурата во банката.
Потрошувачите ја имаат на располагање и можноста сметките-фактурите за топлинска енергија да ги платат и со потпишување траен налог со банката за повлекување на средства од трансакциската сметка на потрошувачот.