Центар за грижа за потрошувачи


Како кориснички ориентирана компанија задоволството на потрошувачите е наш врвен приоритет и затоа Снабдување со топлина Балкан енерџи е секогаш посветена на обезбедување на квалитетно снабдување со топлинска енергија и најквалитетна услуга, согласно утврдените правила и регулативи.

За да им излеземе во пресрет на нашите потрошувачи и да обезбедиме навремена и квалитетна услуга формиран е Центар за грижа за потрошувачи кој на брз и едноставен начин ќе одговори на вашите прашања и ќе ви даде совет и поддршка за сите активности поврзани со дејноста и услугите на Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Преку Центарот за грижа на потрошувачи може да пријавите дефект, течење или да поднесете рекламација во врска со квалитетот на греењето.

Исто така, преку Центарот сите потрошувачи можат да ги добијат потребните информации во врска со сметките-фактурите за топлинска енергија, да се информираат за своите права и обврски, да добијат неопходни совети за оптимално загревање во своите простории и за одржување на внатрешната грејна инсталација, како и за останатите услуги на Снабдување со топлина Балкан енерџи.
За различни потреби и услуги, комуникацијата со Центарот за грижа за потрошувачи е овозможена преку повеќе канали. Следете ги линковите за повеќе информации:

Дефекти, течења или рекламации за квалитетот на греење

Услуги поврзани со сметки-фактури и останати услуги

Сервис на внатрешна грејна инсталација