ГРЕЈТЕ СЕ СИГУРНО И ЕКОНОМИЧНО


Системот за централно греење нуди низа придобивки – најголем комфор по најповолна цена, енергетска ефикасност и заштита на животната срeдина. Со цел овие придобивки уште повеќе да дојдат до израз, БЕГ континуирано инвестира во унапредувањето на процесот на производство на топлинска енергија како и во дистрибутивната мрежа. При сите мерки кои ги преземаме еден од појдовните аспекти е енергетската ефикасност. Значајно е да се истакне дека е направена целосна гасификација на постројките односно користење на природен гас наместо мазут. Континуирано инвестираме во унапредувањето на услугите за потрошувачите. За сите придобивки од системот на централно греење потрошувачите може да се информираат преку Центарот за грижа за потрошувачи.

..Повеќе во брошурата за сигурно и екномично греење